Компанијата воведува виртуелно тестирање на чевли, а функционира така што клиентот ќе избере чевли, ќе го допре копчето „Виртуелен тест“ под сликата и ќе го насочи телефонот кон нозете. Екранот автоматски покажува како изгледаат чевлите на нив.
Функцијата не може да помогне со големината и бројот на чевли, туку само приближно покажува како чевлите стојат за корисникот.
Се очекува компанијата значително да ја зголеми продажбата на обувки на платформата и планира да имплементира дополнителни виртуелни искуства во апликацијата.
Засега опцијата функционира само во Америка, а компанијата се надева дека ќе донесе значителни промени кога станува збор за купување чевли и облека на платформата.
Амазон не е единствениот кој експериментира со VR технологии за да го олесни купувањето преку Интернет. Икеа, Најк, Лореал, Зара исто така понудија слични функции во своите апликации, пренесува CNBC.
Can shoe believe it?! 👟
Our latest innovation, Virtual Try-On for Shoes, lets you try on shoes from the comfort of your home or on the go. https://t.co/JkTNWMN2E5 pic.twitter.com/Clc3c1uW8m
— Amazon (@amazon) June 9, 2022