Алкохол и електронски цигари запленети на ГП Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Од алкохол и електронски цигари до уреди за авто-дијагностика, паднаа во рацете на цариниците на Граничниот премин Табановце изминатата недела.

Како што информираат од Царинската управа, на граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село царинските службеници и мобилните тимови запленија речиси три илјади парчиња стока, меѓу која алкохолни пијалоци, електронски цигари, облека со потпис на заштитени трговски марки, и автоделови пронајдени во возила, автобуси и товарни моторни возила.

 

 

– Царинските службеници на граничниот премин Табановце во текот на изминатите денови, во три одделни случаи запленија 26 шишиња алкохолни пијалоци, над 200 парчиња електронски цигари и уред за авто-дијагностика, информираат од Царина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци претепани во угостителски објект

 

 

Дополнително, како што стои во соопштението, мобилен царински тим откри и спречи обид за шверц на осум сета воздушни и водни пумпи со соларен панел, наменети за фонтани и аквариуми.

Против сторителите се водат посебни постапки.

Никола Ивановски