Затворот се вика “АDX Florence”, сместен е во сојузната американска држава Колорадо. На стотина километри околу него нема ниту едно населено место. Таму лежат најопасните криминалци во САД и од него до сега никој не избегал.
Инаку, затворот се простира на површина од 35 хектари и нормално, покрај многуте безбедносни препреки, е опколен со висока бодликава жица. Секое недозволено движење се детектира со помош на ласери, а во земјата има вградени плочи кои можат да го отфрлат затвореникот ако стапне на нив при бегство. Во дворот на “АDX Florence” има и дресирани кучиња, па заради комбинацијата од многуте безбедносни мерки, досега никој од оваа казнена установа нема избегано.
2016-11-16