Алиев: Офанзивата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе престане ако ерменските сепаратисти го положат оружјето

Сподели со своите пријатели

Офанзивата на Азербејџан во Нагорно-Карабах ќе престане доколку ерменските сепаратисти го „положат оружјето“, изјави азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Loading...

Шефот на (азербејџанската) држава потврди дека антитерористичките мерки ќе бидат прекинати доколку (ерменските сепаратисти) го положат оружјето и се разоружаат“, се вели во соопштението за печатот на азербејџанското претседателство објавено денеска.

Разговорот меѓу Алиев и Блинкен се случил вчера, се наведува во соопштението.

Блинкен вчера го повика Азербејџан веднаш да ја прекине офанзивата во Нагорно Карабах.

„Таквите акции ја влошуваат и онака лошата хуманитарна ситуација во Нагорно-Карабах и ги поткопуваат изгледите за мир“, рече Блинкен.

Според последниот биланс на ерменските власти, во Нагорно Карабах загинале 25 лица.