Азербејџан нема цел да стане членка на Европската унија, изјави денеска претседателот на Азербејџан Илхам Алиев на форумот во Карабах, насловен „Враќање дома по 30 години. Достигнувања и тешкотии“, пренесува РИА.
Loading...
„Во својот надворешнополитички план, Азербејџан нема цел да стане членка на Европската унија“, рече Алиев, додавајќи дека ова е многу практична позиција бидејќи, како што тврди, Баку „никогаш нема да биде прифатен“ во тој сојуз.
„Ако Азербејџан не биде прифатен таму, тогаш – зошто да тропаме на таа врата и да му пречиме на сопственикот?“, рече Алиев, објаснувајќи дека Баку и Брисел нашле начин да воспостават соработка и да ги подобрат односите, пренесува Танјуг.