Алибаба ќе инвестира 28,2 милијарди долари за клауд инфраструктура

Сподели со своите пријатели

Компанијата Алибаба најавува огромни инвестиции од дури 200 милијарди јуани (околу 28,2 милијарди долари) во хардверска и софтверска инфраструктура.

Loading...

Инвестициите треба да се направат во текот на следните три години, во глобална битка со Amazon и Microsoft.

НАЈПОПУЛАРНИ АПЛИКАЦИИ ВО МАРТ: TikTok на врвот

Компанијата најавува дека ќе се фокусира на инвестиции во технологии поврзани со развој на клауд инфраструктура, т.е. оперативни системи, сервери, чипови и мрежни технологии.

Алибаба е најголемиот снабдувач на услуги „во облакот“, но заостанува зад американските Амазон и Мајкрософт, пренесува SEEbiz.

Во Алибаба, објаснуваат дека ова е круцијално време за развој на дигиталната економија, иако приходите на компанијата од клауд услугите учествуваат со само седум проценти од нејзините годишни приходи.

Процут на 5G уредите: Во оваа држава се очекува продажба на 8,4 милиони уреди

Компанијата дури има голем конкурент во самата Кина, тоа е компанија за е-трговија наречена JD.com.

Loading...

Leave a Reply