Али Хамнеи: Нетанјаху и израелските власти да се осудат на смрт за злосторствата во Газа

Сподели со своите пријатели

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата влада треба да бидат осудени на смрт за воени злосторства во Појасот Газа, пренесе ИРНА.

Loading...

Во врска со одлуката на Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, Хамнеи рече дека затворот не е доволен, туку дека тие треба да се соочат со смртна казна.

„Нетанјаху и израелските власти треба да бидат осудени на смрт за воени злосторства“, рече тој за време на состанокот со членовите на воените сили Басиџ, поврзани со Револуционерната гарда.

Меѓународниот кривичен суд минатата недела објави дека издал налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и убиениот лидер на Хамас Мохамед Деиф под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Обвинетите ќе бидат предмет на апсење доколку отпатуваат во некоја од повеќе од 120 земји кои се членки на судот, се вели во соопштението.