Алергични сте на полен? Еве како да го намалите кивањето и непријатните симптоми

Сподели со своите пријатели

Со доаѓањето на топлите и сончеви пролетни денови, пристигнуваат и проблемите за оние кои се борат со поленските алергии. Тие се најтешки во април, мај и јуни, а изразеноста на симптомите варира од личност до личност и обично бара некаква терапија.

Зачестеноста на алергиските болести покажува тренд на пораст во последните неколку децении. За тоа има повеќе причини, од променет начин на живот, исхрана, клима, инфекции од низа природни чинители.

Лековите треба да започнете да ги земате и пред сезоната за алергии. Лековите против алергии, антихистаминици, сега се квалитетни и не предизвикуваат поспаност кај пациентите и добро е да почнете да ги земате пред самата сезона на алергии за да може да започнат да делуваат на време.

Алергиите се влошуваат за време на обчано и ветровите време, затоа што тогаш доаѓа до намалување на волуменот на воздухот и зголемување на концентрацијата на алергени и затоа алергиските реакции се почести и бурни, а за врмее на ветровито време алергените се разнесуваат низ воздухот.

Концентрацијата на поленот во воздух е најголема рано наутро. За да ги ублажите непријатните симптоми на алергијата, потреудее се да не излегувате од дома за време на висока концентрација на полен во воздухот.

Поленот посебно се лепи за ѓонот, па задолжително собувајте ги обувките при влегување дома. Наместо да ги сушите алиштата на воздухот, сушете ги во домот и барем два пати неделно бирешете прашина.

 

Loading...