Алексеј од Куманово победник на Отвореното првенство на Македонија во тенис

Сподели со своите пријатели

Алексеј Стојановски, член на Тенискиот клуб „Тумба“ од Куманово победи викендов на Отвореното првенство на Македонија во тенис за јуниори.

Loading...

Изминатиот викенд во организација на ТК „Тумба“ од Куманово на тениските терени кај Спортската Сала во Куманово се одржа Отвореното првенство на Македонија во тенис за јуниори до 14 години во машка конкуренција и женска конкуренција.

Турнирот помина во одлична организација од страна на домаќинот во фер и коректна атмосфера ,каде на крајот победник беше членот на Тенискиот Клуб  „Тумба“ Алексеј Стојановски од Куманово кој во исклучително возбудливо финале го победи Андреј Темов  од ТК МТП  од Скопје.

Кај девојчињата најдобра беше Деа Крстевска од ТК Битола која во финалето беше подобра од Надица Блажевска од ТК Црна Река од Кавадарци.