Младиот тенисер Алексеј Стојановски од Куманово го освои првото место на Отвореното тениско првенство на Македонија за јуниори до 16 години, кое се одржа од 16 до 18 август на терените на ТК „Поинтер“ – Скопје.
Во финалниот меч, Стојановски со сигурна и убедлива игра го совлада Даријан Пановски од ТК „МТП“ – Скопје со резултат 6:2, 6:2, обезбедувајќи ја победничката титула.
Само неколку дена по домашниот успех, младиот тенисер настапи и на меѓународен турнир – Tennis Europe U14 во Пеќ, Косово.
Таму ја запиша својата прва победа на европска сцена, совладувајќи го противникот со максимален резултат 6:0, 6:0.
Стојановски продолжува со низа одлични резултати, а од клубот истакнуваат дека ова е само почеток на неговата кариера која ветува уште поголеми успеси.
Никола Ивановски