Алексеј од Куманово настапува на квалификациите за Јуниорскиот Davis Cup во Турција

Сподели со своите пријатели

Младиот кумановски тенисер Алексеј Стојановски оваа недела настапува како дел од националната селекција на Македонија на квалификацискиот турнир за Јуниорскиот Davis Cup (до 14 години), кој се одржува во турскиот град Газиантеп.

Loading...

Стојановски доби повик да ги брани боите на својата татковина на едно од најпрестижните меѓународни екипни натпреварувања за млади тенисери.

Неговиот ангажман во националниот тим претставува значајно признание за неговата досегашна работа, постигнувањата и континуираниот напредок во спортската кариера.

Тренерскиот и стручен тим изразуваат целосна доверба во неговите способности, со уверување дека ќе настапи борбено и ќе ја претстави Македонија на достоинствен начин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник од Куманово нападнат од негов врсник

Никола Ивановски