Алексеј Стојановски од Куманово ја претставува Македонија на Европското првенство во тенис до 14 години, коешто се одржува од 21 до 27 јули во Мост, Чешка.
Loading...
На ова престижно натпреварување учествуваат најдобрите млади тенисери од цела Европа, вклучително и Алексеј, што е признание за неговата посветеност, упорност и резултати на национално и меѓународно ниво.
Loading...
На настанот ќе се наптреваруваат 64 играчи во поединечна конкуренција за момчиња, како и 64 во конкуренција за девојчиња.
Традицијата на овој меѓународен турнир е силна – многу поранешни освојувачи поединечно или во дует станале број 1 на светската тенис сцена.
Никола Ивановски