Младиот тенисер Алексеј Стојановски од Куманово, член на Тенискиот клуб Тумба, продолжува да реди нови успеси.
Овој пат, младата тенисерска надеж на Куманово, победи во финале и освои турнир во Скопје за тенисери и тенисерки до 16 години .
Турнирот беше во организација на тениската федерација на Македонија и ТК Поинтер во Скопје каде што настапија најдобрите во оваа категорија.
Во финалето Алексеј беше подобар од Даријан Пановски член на ТК МТП од Скопје кој го победи со 2-0 по сетови 6-2 и 7-6.
Никола Ивановски