Алексеј од Куманово го освои Отвореното тениско првенство во Скопје

Сподели со своите пријатели

Членот на Тенискиот Клуб ТУМБА од Куманово Алексеј Стојановски уште еднаш ги покажа и потврди своите квалитети откако го освои Отвореното тениско првенство за јуниори и јуниори до 16 години во организација на ТК Аеродром од Скопје и Тениската федерација на Македонија.

Алексеј Стојановски до титулата дојде откако во финалниот меч го победи Селим Јилдиз член на тенискиот клуб Аеродром од Скопје.

– Ние како клуб упатуваме искрени честитки до Алексеј Стојановски на остварениот резултат и надеж дека ќе продолжи во ист ритам и континуитет со добри резултати во иднина, велат од неговиот клуб.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски отвори три изборни штабови во Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски