Алексеј и Анастасија од Куманово јуниорски шампиони во тенис

Сподели со своите пријатели

Членовите на тенискиот клуб  „ТУМБА” од Куманово Алексеј Стојановски и Анастасија Арсовска го освоија првото место на отвореното тениско првенство на Македонија за јуниори и јуниорки во двете конкуренции, поточно возрасна категорија до 12 години.

Loading...

Алексеј Стојановски кај момчињата во оваа возрасна категорија во финалето го победи Дамјан Пановски од Т.К МТП со 2-0 по сетови 6-1,6-4.

Третото место им припадна на Иван Трпковски од Т.К Југ и Стефан Дебрешлиевски од Т.К.Академија Аеродром .

Анастасија Арсовска исто така убедливо триумфираше со 2-0 по сетови 6-1,6-1 против Деа Крстевска од Т.К.Битола.

Третата позиција во оваа возрасна категорија им припадна на Надица Блажевска од Т.К Црна Река и Надја Бежовска од Т.К Југ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите во пораст, за викенд дожд и снег

– Од нашиот клуб забележителен настап имаше Петра Крстевска која својот настап го заврши во четвртфиналето, додека дебитанти на еден турнир се и младите Алексеј Стошиќ и Тео Андов кои за прв пат настапија во оваа возрасна категорија, велат од клубот.

Оваа е втор турнир во серија каде домаќин е Т.К ТУМБА и каде се помина во фер и коректна атмосфера се во духот на спортот.

– Уште еднаш ние како клуб им честитаме на нашите членови на кои сме горди и им посакуваме уште подобри резултати во периодот кој следи, стои во соопштението.

Loading...