Александар Вучиќ стана претседател на Србија

Сподели со своите пријатели

Александар Вучиќ од премиерската позиција преминува во претседателското столче откако денеска победи во првиот круг на претседателските избори во Република Србија, со над 55,8% од гласовите, според статистиката на агенцијата ИПСОС.

Неговиот против кандидат Саша Јанковиќ со 15% од гласовите го зазема второто место, додека контроверзниот Лука Максимовиќ или на сите познат како Љубиша Прелетачевиќ – Бели изборите ги заврши со 9,3% од гласовите и освоено трето место од 11 кандидати.

Излезеноста на изборите бележи пад споредбено со оние од 2012 година и изнесува 55% од граѓаните со право на глас.

 

Loading...