Александар Костоски во идеалниот тим на ФИБА

Сподели со своите пријатели

Плејмејкерот на Македонија и капитен на Кошаркарскиот клуб Куманово, Александар Костоски се најде во најдобрата петорка на ФИБА во 4. коло од квалификациите за Евробаскетот.

Организаторот на нашата игра прикажа извонредна партија во победата од 82-74 над Луксембург и беше најзаслужен што „Црвено-жолтите” избегнаа нова бламажа.

Александар Костоски забележа 20 поени, 9 скока и 7 асистенции, па сосема заслужено се најде во најдобрата петорка во 4. коло од квалификациите за Евробаскет.

Во идеалниот тим на ФИБА место уште имаше за дулото на Словенија, Препелиќ и Видмар, Ханга од Унгарија и Бартел од Германија.