Александар Гелевски ќе продолжи да ја извршува функцијата секретар на Општина Куманово, дознава Кумановски Муабети.
Гелевски е можеби и првиот на оваа функција кој не бил партиски активист. На позицијата втор човек на општината дојде во август минатата година откако Десанка Стошевска замина во пензија.
Роден е во 1981 година во Куманово, каде завршува основно и средно гимназиско образование. Дипломира на Универзитетот „Кирил и Методиј“ Скопје – Архитектонски факултет во 2006 година.
Истата година ја започнува и својата професионална кариера како проектант и планер-урбанист, со што се здобива со Овластувања од областа на урбанизмот и архитектурата. Во јануари 2014 година се вработува во Општина Куманово како советник во Одделение за урбанизам.
Од ноември 2018 е назначен за Раководител на Одделение за спроведување на урбанистичка документација – Сектор за урбанизам, а во август 2020 доаѓа на функцијата Секретар на Општина Куманово.
Никола Ивановски