Албанско знаме се вее пред Владата на простестот за Алмир (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пред крај на протестот за малиот Алмир албанско знаме беше закачено на оградата на Владата. Полицијата не интервенираше, јавува порталот Република.

https://www.facebook.com/republikashqip/videos/762615320610972/

Loading...

На почетокот на протестот кога актерот и организатор Висар Вишка се обрати на македоснки јазик, толпата го исвирка извикувајќи „шќип“. Вишка продолжи да зборува на македонски, а имаше и превод на албански.

https://www.facebook.com/nedelnikrepublika/videos/1732546083432676/

Граѓаните кои протестираат пред влада за смртта на малиот Алмир извикуваат „Нема правда“, но на албански јазик, јавува Фокус. Тие бараат надлежните институции да си ја вршат работата како што треба.

 

 

Освен за преквалификација на делото, граѓаните реагираат и на тоа што возилото со кое беше прегазен Алмир, наместо да биде конфискувано, е вратено на семејството, кое, пак, лично обвинетиот Бобан Илиќ го ставил јавно на продажба по извршеното убиство. Граѓаните исто така побараа јавниот обвинител кој го води случајот, Сузана Кусигерска од Основното јавно обвинителство – Куманово, да биде изземена од процесот, пишува Макфакс.

 

 

Loading...

 

 

Фото: А. ИВАНОВСКИ, Република

Leave a Reply