Албански знамиња поставени на железничкиот премин во село Ваксинце

Сподели со своите пријатели

На 30.04.2017 година околу 18,30 часот од вработен во Македонски Железници било пријавено дека на објект на Македонски Железници кај патен премин село Ваксинце – Куманово, каде што се поставени желеничките рампи, на ограничувачот за висина на патниот премин, од страна на непознато лице биле поставени две албански знамиња, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.