Албанези: Економскиот шок поради војната на Блискиот Исток ќе се чувствува со месеци

Сподели со своите пријатели

Австралискиот премиер Ентони Албанези предупреди денеска дека економските шокови предизвикани од војната на Блискиот Исток ќе бидат присутни со месеци и ги повика граѓаните да користат јавен превоз за да го намалат притисокот врз снабдувањето со гориво.

Во обраќањето до нацијата, Албанези истакна дека војната го предизвикала „најголемиот скок на цените на бензинот и дизелот во историјата на Австралија“, која увезува околу 90 отсто од своето гориво, објави Ројтерс.

Австралискиот премиер ги повика луѓето да не складираат гориво пред празникот Велигден и да користат возови, автобуси и трамваи секогаш кога е можно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Конфликтите во Иран директно го загрозуваат Ормутскиот Теснец и глобалниот пазар

Владата претходно најави намалување на акцизата за бензините и дизелот и укинување на таксата за користење тешки патишта за три месеци, што ќе чини околу 1,75 милијарди долари, пренесува Танјуг.

Албанези истакна дека, иако следните месеци „можеби не се лесни“, проблемите предизвикани од глобалниот конфликт може да се надминат со заеднички напор и одговорно однесување на австралиските граѓани.