Албанес: Социјалните мрежи ќе мора да ги уништат личните податоци на помладите корисници

Сподели со своите пријатели

Австралискиот премиер Ентони Албанес изјави денеска дека компаниите за социјални медиуми ќе мора да ги уништат личните податоци што се користат за проверка на возраста на корисниците, како дел од планот на Канбера да им забрани на лицата под 16 години да ги користат платформите.

Loading...

„Ќе има многу силни и строги барања за приватност за заштита на личните податоци на корисниците, вклучително и обврската да се уништат дадените информации кога ќе се одреди возраста“, рече Албанес во парламентот.

Австралија планира да го испроба системот за верификација на возраста за да спроведе ограничувања за возраста на корисниците на социјалните мрежи, пишува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поделби на состанок на ОН! Ништо од договор за намалување на пластиката!

Забраната ќе влијае на Инстаграм и Фејсбук, компанијата Мета, мрежата ТикТок во сопственост на Бајтенс и мрежата Х на бизнисменот Илон Маск, кој тврди дека целта на законот е да им се забрани на сите Австралијци да пристапат до мрежите.

Канбера предложи повисока старосна граница за корисниците на мрежите од која било друга земја, а исклучоците со родителска дозвола дури и за претходно постоечките сметки нема да бидат дозволени.

Платформите се соочуваат со казни до 32 милиони долари доколку не го почитуваат законот, а владата планира да го усвои законот до крајот на парламентарната година во четврток.