Дваесет и петгодишен жител на Албанија е приведен на Граничниот премин Табановце, под сомнение дека се обидел да премине со туѓа патна исправа.
– На 09.02.2022 во 14.00 часот на Граничниот премин Табановце, поради постоење основи на сомнение дека се послужил со туѓа патна исправа, бил приведен Р.Ц.(25) од Република Албанија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, при извршен преглед кај него била пронајдена албанска патна исправа со неговиот вистински идентитет, на име М.Н.(29).
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Никола Ивановски

