Бројот на убиени жени и девојки во светот во 2022 година се искачи на највисоко ниво во последните 20 години, соопштија во средата Обединетите нации.
Околу 89.000 жени и девојчиња биле намерно убиени минатата година, објавија ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women) и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC).
„Алармантниот број на фемициди е остар потсетник дека човештвото сè уште се бори со длабоко вкоренети нееднаквости и насилство врз жените и девојчињата“, рече Гада Вали, извршен директор на UNODC.
„Секој изгубен живот е повик за акција – молба итно да се решат структурните нееднаквости, да се подобрат одговорите на кривичната правда, така што ниту една жена или девојка не се плаши за својот живот поради нејзиниот пол“.
Повеќе од половина од тие убиства, околу 55 отсто, биле извршени од членови на семејството или партнери, во споредба со околу 12 отсто од машките жртви на убиства.
Најмногу убиства на жени и девојки, околу 20.000, се случиле во Африка, а потоа во Азија, се вели во извештајот на ОН.