Ал-Башир до Путин: Спасете го Судан од САД

Сподели со своите пријатели

Суданскиот претседател Омар ал-Башир на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека на Суадан му е потребна заштита од агресијата на Соединетите Американски Држави без оглед на неодамнешното укинување на американските санкции одредени кон неговата земја пред 20 години.

– Сметаме дека она што се случи со нашата држава е резултат на американската политика и ни треба заштита против агресивните чекори на САД, вели тој во резиденцијата на рускиот претседател во Сочи, на Црно Море.

Прецизирал дека Картум сака да ја зајакне воената соработка со Москва поради доопремување на вооружените сили.

– Оружјето кое го поседуваме е руско производство, потсетува суданскиот лидер.

Ова е прва посета на ал-Башир во Русија, поритв кого е издадена меѓународна потерница за приведување, откако Владат ана американскиот претседател Доналд Трамп го укина американското ембарго.

САД во октомври одлучија да ги укинат санкциите воведени за Судан во 1977 година, но ја задржаа таа земја на пописот држави кои го поддржуваат тероризмот.

фото: Танјуг

Loading...