АКВАМЕН ОД ТОНГА: Пливал 27 часа откако цунамито го однело на отворено море

Сподели со своите пријатели

57-годишен маж од островот Тонга пливал до брегот 27 часа откако цунамито го однело на отворено море.

Ерупцијата на вулканот Хунга Тонга Хунга Хапаи подигна големи бранови, при што загинаа три лица, а беше предизвикана и голема материјална штета.

Брановите во саботата го однеле Лисала Фолау од малиот изолиран остров Атата, каде живеат вкупно 60 луѓе.

Фолау вели дека сликал дома кога пристигнало предупредувањето за цунами, а набрзо пристигнале и брановите.

Најпрво се качил на дрво за да избега од водата, но кога се симнал дошол уште еден голем бран и го однел.

„Брановите ме погодија и ме носеа“, вели Фолау.

Тонганецот објаснува дека сфатил дека не може да се носи со брановите, па се пуштил и испливал.

Кога брановите конечно престанале, тој полека почнал да плива и поминал 7,5 километри додека не стигнал на главниот остров Тонгатапу.

На брегот излегол после 27 часа, околу 10 навечер.

Неговата приказна привлече големо внимание, а Тонгонците веќе го нарекоа Аквамен.