Активно се работи на изградба на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Активно се работи на изградба на дел од булеварот „Октомвриска револуција“, информираше денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

 

 

Градежните зафати започнаа во ноември минатата година, а имаат за цел да го продолжат булеварот од крстосницата од улицата „Доне Божинов“ до улицата „Братство Единство“.

 

 

Надлежните очекуваат дека оваа сообраќајно решение ќе го намали сообраќајниот метеж во центарот на градот.

 

 

Паралелно кај крстосницата каде сега завршува булеварот „Октомвриска револуција“ ќе биде изграден кружен тек, кој треба да ја замени семафорската сигнализација.

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановските печалбари побараа оставка од директорката на УЈП (ВИДЕО)

Никола Ивановски