Активни повеќе мерки за вработување (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Повеќе мерки за работниците и компаниите се активни во овој момент од оперативниот план за активни програми и мерки на Агенцијата за вработување.

Loading...

Како што информираше денеска на прес конференција, Марија Димитријевска од Центарот за вработување Куманово, активни се три огласи и тоа: мерката поддршка за креирање нови работни места преку зелени инвестиции, обука за стручни квалификации според барање на работодавачите, како и субвенционирање на вработување.

– За мерката поддршка на работни места преку зелени инвестиции повикот беше објавен минатиот понеделник на 18ти март и преку оваа мерка е предвидено да се креираат нови работни места преку инвестиции од страна на фирмата во опрема и материјали кои ќе допринесат за зачувување на животната средина, вложување во енергетска ефикасност или во обновливи извори на енергија, информираше Димитријевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денот на независноста утре ќе се одбележи и во Куманово

 

 

Финансиската поддршка за оваа програма изнесува 250.000 денари за креирање на едно работно место, а максималниот износ на финансиска поддршка е 750.000 денари, односно три нови работни места.

Целната група на оваа мерка, како што појасни директорката, се сите невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Центарот за вработување.

Loading...

– Исто така активен е огласот за обука за стручни квалификации според барање на работодавачите. Целта на оваа мерка е да се обезбеди обука за стурчни квалификации кои обуки се спроведувани од верификувани провајдери. Лицата ќе посетуваат обука од три до четири месеци и за време на тој период добиваат месечен надоместок во бруто износ од 11.000 денари, а спроведувачот на обука по завршување на обуката добива 30.000 денари за секое обучено лице, рече директорката на Центарот за вработување Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанец натепал кумановец и му го оштетил возилото

Целната група на оваа мерка се невработени лица со минимум завршено основно образование.

– Од денеска исто така е објавен и огласот за субвенционирање на вработувања. Целта на оваа мерка, како и на сите други мерки што се дел од оперативниот дел на активни мерки е креирање на нови работни места преку субвенционирано вработување. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 22.000 денари на месечно ниво за период од шест месеци, појасни таа.

Целната група на оваа мерка, според директорката, се невработени лица евидентирани како долгорочно невработени, над 12 месеци во евиденција, млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, лица корисници на гарантирана минимална помош, лица со попреченост, жртви на трговија со луѓе, припадници на ромската етничка заедница, самохрани родители, родители на три или повеќе деца, родители на деца со пречки во развој и на други ранливи категории на лица каде спаѓаат лица со незавршено средно или пониско образование.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанец натепал кумановец и му го оштетил возилото

Најголем интерес кај кумановските компании има за субвенционирано вработување и набавка на опрема и репроматеријали, додека во последно време расте и интересот за мерките за т.н. зелена економија.

Никола Ивановски