Активни низа мерки за помош при вработување на невработените лица

Сподели со своите пријатели

Три мерки во овој момент се активни преку проектот Активација на ранливи групи на пазарот на трудот за помош при вработување на невработените лица.

Loading...

Како што информираше Марија Димитријевска, раководител на Центарот за вработување Куманово, меѓу другите, во тек е огласот за мерката субвенционирање на плати.

– Со оваа мерка се планира финансиска поддршка на работодавачите од микро, средни фирми, како и на социјални претпријатија и граѓански организации да се даде финансиска помош во износ од 19.000 денари на месечно ниво за период од 6 месеци за креирање на нови работни места, информираше Димитријевска.

Работодавачите кои ќе се вклучат во оваа мерка по истекот на шестте месеци за кои добиваат субвенции, се должни да го задржат лицето во работен однос уште најмалку три месеци, што значи вкупниот период за оваа мерка е минимум девет месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанец натепал кумановец и му го оштетил возилото

Работодавачите што ќе се вклучат во оваа мерка треба да имаат вработено минимум едно лице додека пак граѓанските организации и социјални претпријатија не мора да имаат вработено лице.

– Исто така работодавачите кои ќе се вклучат во оваа мерка треба да ги имаат подмирено сите придонеси од задолжително социјално осигурување, како и за минатата година треба да имаат остварено добивка и да го немаат намалено просечниот број на лица на определено време од минатата година на денот на апликација, додава раководителката.

Мерката ќе ги поддржи целните групи: корисници на гарантирана минимална помош, жени, млади до 29-годишна возраст, Роми, лица со попреченост и долгорочно невработени лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денот на независноста утре ќе се одбележи и во Куманово

Активен е и огласот за мерката обука на работно место кај конкретен работодавач.

Loading...

Со оваа мерка се предвидува да се даде можност на невработените лица да дојдат до посакувано работно место преку обука кај конкретен работодавач во период од три месеци.

– За време на обуката невработените лица добиваат надоместок од 11.000 денари бруто износ, а работодавачите добиваат 25.000 денари по завршување на успешно обучено лице. Работодавачите по завршена обука се должни да го вработат оваа лице кое веќе се смета како обучено и да го задржат најмалку во период од шест месеци на неопределено време, појаснува Димитријевска.

Една од активните мерки е и практиканството, која нуди можност невработените лица да се стекнат со практично знаење, вештини кај конкретен работодавач за три месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денот на независноста утре ќе се одбележи и во Куманово

– За времетраење на мерката невработените лица исто така добиваат надоместок во износ од 11.000 денари бруто, со тоа што по завршувањето на тие три месеци работодавачот нема обврска за вработување на лицето кое кај него било практикант, но се разбира целта на секоја мерка е вработување, па и од оваа мерка пожелно е да има вработување оти работодавачот добива веќе обучено лице кое имало три месеци да се докаже, потенцираше раководителката.

Инаку, станува збор за проект преку ИПА програмата, финансиран од Европската унија кој има за цел намалување на невработеноста кај ранливи групи граѓани.

Никола Ивановски