Пропалестинските активисти од бродот „Маделин“, кој беше запленет од Израел додека се обидуваше да стигне до Појасот Газа, беа префрлени на аеродромот во Тел Авив за репатријација, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.
„Оние кои ќе одбијат да потпишат документи за депортација и да го напуштат Израел ќе бидат изведени пред суд, во согласност со израелскиот закон“, објави министерството на социјалната мрежа X.
Хуманитарен брод со 12 патници, меѓу кои и шведската еколошка активистка Грета Тунберг, беше запленет вчера од иранските сили.
Едрилицата на Коалицијата „Флотила на слободата“, која во неделата тргна од Сицилија кон Појасот Газа, носеше хуманитарна помош за палестинската територија, која, според Обединетите нации, е во опасност од глад.