Активисти ја окупираа вилата на руски олигарх во Лондон (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Британската полиција изврши рација во луксузна вила во центарот на Лондон, која наводно е во сопственост на рускиот милијардер Олег Дерипаска, откако била окупирана од активисти.

Loading...

Утрово сквотери зазеле вила на плоштадот Белграв и на нејзиниот прозорец го закачиле украинското знаме.

Вилата вреди неколку милиони фунти и се наоѓа во близина на различни амбасади, пишува Sky News.

 

Снимен моментот кога руска ракета погоди тролејбус во Киев (ВИДЕО)

 

„Со окупирањето на оваа вила, сакаме да покажеме солидарност со украинскиот народ, но и со народот на Русија кој никогаш не се согласил на ова лудило“, рекоа сквотерите.

„Вие ја окупирате Украина, ние ве окупираме вас“, се вели во соопштението.

Loading...

Бројни луѓе влегле во вилата и закачиле транспаренти од прозорците на катот, соопшти полицијата. Сепак, не кажаа кој го пријавил инцидентот.

Велика Британија го замрзна имотот на Дерипаска минатиот четврток, а тој е еден од многуте руски олигарси санкционирани по руската инвазија на Украина, која Кремљ ја нарекува „специјална воена операција“.

 

Кој е Рамзан Кадиров? И зошто важи за еден од најсуровите Чеченци?

 

Велика Британија вели дека Дерипаска е тесно поврзан со руската влада и рускиот претседател Владимир Путин.

Во соопштението, активистите велат дека вилата ќе служи како „центар за помош на бегалците“ и дека ќе ги таргетира другите имоти.

Велика Британија санкционираше околу 20 руски олигарси, меѓу кои и Роман Абрамович и Алишер Усманов, со замрзнување на нивните средства низ Лондон и забрана за влез во Британија.

Loading...