Легендата на југословенската и српската кинематографија, актерот Драган Николиќ почина утрово во болница во белград на 72-годишна возраст, како последица на долготрајна и тешка битка со болеста.
Роден е на 20 август 1943.година во Белград, а дипломирал на Факултетот за драмски уметности. Негова прва голема улога се смета онаа на Џими Барк, филм кој од страна на филмските критичари е прогласуван за еден од трите најдобри на овие простори. Голема популарност му донесе улогата на Прле во филмовите и телевизиските серии „Отпишаните“ (1974) и Враќање на отпишаните (1976 ). Главни и споредни улоги играл во над 80 филмови и во голем број театарски претстави во „Атеље 212“ и „Звездара“.
Веста за неговата смрт низ плач за српските медиуми ја потврдила и неговата сопруга, актерката Милена Дравиќ.