Холивудската актерка Хали Бери (54) често позира во голи изданија, а овој викенд подигна сè на повисоко ниво со видео од балконот каде танцува со своето ново момче Ван Хант.
„Со тебе станува полесно“, напишала Хали во описот на видеото во кое танцува топлес со своето момче. Веднаш започнаа коментари на Интернет во кои обожавателите прашуваат кој го снимал ова видео, но актерката не ја коментираше темата. Некои дури велат дека е можно нејзината ќерка Нала (12) да ги снимала нејзината мајка и нејзиното момче, или пак тоа да бил нејзиниот син Мацео (7).
Да потсетиме, Хали ја потврди својата врска со Ван Хант ова лето кога на Инстаграм објави заедничка фотографија од креветот, на која се гледаат само нејзините нозе, а на почетокот никој не знаеше за кого станува збор. Набргу потоа, таа откри на социјалната мрежа дека станува збор за мистериозен човек кој и го освоил срцето, а двојката оттогаш објави неколку заеднички фотографии.
View this post on Instagram
Пред Хант, актерката беше во кратка романса со музичкиот продуцент Алекс Да Кид во 2017 година, но врската траеше само шест месеци.
Хали Бери неодамна изјави дека дури и за време на карантин се обидува да вежба секој ден и не сака да ја става својата форма во втор план. „Најдов начини да вежбам, работам и да им се посветувам на децата секој ден“, изјави таа за списанието „Пипл“.
View this post on Instagram