Ако започнете да ги јадете овие производи вашата кожа ќе биде негувана и нема да ви требаат креми!

Сподели со своите пријатели

Ако нашата кожа е сува и без сјај, со еден збор, изгледа „безживотно“, ние најчесто посегнуваме по разни креми се додека не ги постигнеме посакуваните резултати.
Не ни текнува дека можеме да го решиме таквиот проблем со соодветна исхрана.

Loading...

Правилната исхрана и внесот на вода може да ги заменат и најдобрите козметички производи. Ќе чекаме подолго за резултатите да бидат видливи, но на долг рок можеме да го решиме проблемот и генерално да се чувствуваме подобро.

 

Студија спроведена од британското здружение на диететичари открила дека гените, иако играат голема улога во квалитетот на кожата, сепак подеднакво важен е внесот на витамини, диетата, хидратацијата и нездравите навики како  пример алкохолот.

Здравите масла, овошје и зеленчук се најдобра опција за убава кожа.

Овошјето и зеленчукот се полни со антиоксиданти кои помагаат во борбата против слободните радикали. Многу студии покажаа дека каротеноидите можат да ја намалат чувствителноста на кожата.

Витаминот Ц игра голема улога во целиот организам, така што влијае и на состојбата на кожата. Одлично е за производство на колаген.

Loading...

 

Што да се избегнува?
Дехидрацијата е една од главните причини за безживотна кожа. Ако немате навика да пиете препорачани количини вода, пробајте  да го зголемите внесувањето на овошје и зеленчук кои содржат висок процент на вода. Тука спаѓаат производи како краставица, домат, спанаќ, лубеница и јаболка.

Големи количини на шеќер и алкохол го намалуваат производството на колаген според многу студии што ја прават кожата без сјај. Не мора целосно да се откажувате од овие производи, само нивно намалено конзумирање ќе има позитивно влијание врз изгледот на кожата.

Leave a Reply