„HomeAdvisor“ анализирал седум познати градби ширумс ветот, земајќи ги предвид работните и трошоците за материјали, за да пресмета колку нивната изградба би чинела во модерно време.
Исто така, предвид се земени и изворните трошоци, кои покажуваат како некои материјали биле многу поскапи пред стотина години, но дека останатите материјали денес се значително поевтини.
Така, на пример, изградбата на Статуата на слободата чинела десет пати повеќе во 1886 година од денес, а Биг Бен денес би бил направен по двојно пониска цена.
Од друга страа, споменикот на Христос во Рио би бил поскап за изработка денес, кога би инел милион долари повеќе од 1931 година, кога е изграден.
Најпознатиот американски споменик крие тајна соба – влезот е забранет (фото)
Сепак некои од проценетите трошоци всушност се поевтини – изградбата на Статуата на слободата или Биг Бен денес би била поевтина од купување апартман на Менхетен.
Ви ја пренесуваме целата листа знаменитости и нивните проценети вредности во американски долари, рангирани од најскапите кон поевтините.
1. Пирамиди во Гиза – 878 милиони долари
2. Колосеум – 380 милиони долари
3. Ајфелова кула – 31 милион долари
4. Крива кула во Пиза – 4 милиони долари
5. Христос спасителот во Рио – 1,5 милиони долари
6. Статуа на слободата – 1,3 милиони долари
7. Биг Бен – 222.000 долари