Колку светот е необично место им е јасно на сите. На тоа необично место живеат луѓе кои носат закони, а не можеме да се запрашаме колку мора да бидат „чудни“ тие луѓе кои ги донеле законите кои ќе ги прочитате подолу.
Овие смешни и бизарни закони ширум светот и натаму постојат
Loading...
Многумина за нив велат дека се многу необични, а особено за туристите, кои тешко се навикнуваат на нив.
Забрането тетовирање и правење селфи со Буда
Ова правило важи во Шри Ланка, па ако се најдете таму не правете селфи, затоа што веќе добар дел од туристите платиле парична казна за тоа. на тетовирање не треба да бидете предпредени, затоа што веројатно неам своето тело да го украсите со слика од Буда, но ако веќе сте го сториле тоа, при патувањето во оваа држава, сокријте ја тетоважата.
Забранети електронски цигари
Ако одите на Тајланд, заборавате на електронските цигари. Доколку ве видат со неа, сигурно ќе платита парична казна, а би можеле да завршите и зад решетки. На ова да ја додадеме и веста дека неодамна на Тајланд е забрането пушење на многу плажи.
Не облекувајте маскиран дезен
Многу карипски држави, како Барбадос, Света Луција и Свети Винцент забрануваат облекување маскирана облека. Оваа облека не смеат да ја носат и децата.
Ова се најсмешните и најбизарни закони во светот
Loading...
Канадска музика во Канада
Во земјата на јаворот и гризли, законот препишува најмалку 35 отсто музичка содржина која се емитува на станиците да биде од изведувачи од Канада. ова секако се вести кои им одат во прилог на Џастин Бибер и Селинд Дион.
Не хранете гулаби во Венеција
Ок, хранете ги негде на страна, пред својот хотел или каде веќе, но тоа да не ви се случи на Плоштадот на Свети Марко. Таму ги има премногу, па градските власти строго забрануваат нивно хранење, за да тоа не ги привлекува дополнително.
Внимавајте на бензинот во Германија
Кога се наоѓате на гордоста на Германија, што нивните автопатишта сигурно се, добро внимавајте да имате доволно гориво. Имено, со закон е забрането да останете без гориво, што и не е необична работа, имајќи на ум дека на тој начин во опасност можете да се доведете себе си, но и другите.
Без плукање во Барселона
Некултурното однесување во вид на плукање по улици постои скоро секаде во светот. Сепак, градските власти на Барселона одлуќила на него сериозно да реагираат, па плукањето го прогласиле за непожелно. Поради тоа, кога сте веќе туја, а ако имате навика за плукање, барем на некое време откажете се од неа.
Loading...
Штикли во Грција
Не плашете се, Грција ги нема забрането штиклите за сите и насекаде, туку само за посетителите на важни знаменитости, како што е на пример Акропол. Имено, постои загриженост дека со штиклите може да се оштетат историските места и спомениците.
Внимателно со банкнотите на Тајланд
Доколку се наоѓате во Бангкок и случајно на подот ви испадне банкнота, не ја видите и ја згазнете, но ве забележи полицијата, епилогот е приведување или во најдобар случај парична казна, затоа што сте го анвредиле кралот кој се наоѓа на тајландските банкноти, а увредата за кралот во оваа земја се смета за злочин.
Не пцујте во Обединетите Арапски Емирати
Пцуењето, како и непристојните гестови строго се забранети во оваа богата држава. Прекршителите можат да бидат депортирани или уште полошо, да завршат во затвор. Поради тоа, ако се пдоготвувате да престојувате тука, заборавете на грдите зборови, а ако некој ви го дигне притисокот, подобро да не му покажете среден прст затоа што тоа нема добро да заврши по вас.