Да се работи во компанијата „ Apple “ е исполнување на соништата, а воедно се смета за едно од најпрестижните работни места во светото. Сепак, со голема моќ доаѓа и голема одговорност, бидејќи во „ Apple“ едно нешто е сигурно, а тоа е дека не вработуваат било кого.
Големите ИТ компании, како Google, Apple ili Microsoft, во текот на годините креирале низа сериозни тестови и прашања за да се уверат дека личноста која ќе почне да работи за нив ќе бидат најдобрите на пазарот на трудот во тој момент.
„ Apple“ точко знае кој профил на луѓе сака да го вработи, а ова се 15те прашања кои сигурно ќе ги добиете доколку ве повикаат на разговор за работа.
- Едно нешто со што посебно се гордеете?
- Кои се вашите најголеми неуспеси и што сте научиле од нив?
- Опишете еден проблем од претходната работа и кажете ни како го решивте?
- Како на осумгодишник ќе му објасните што е рутер и како функционира?
- Зошто се пријавивте на позоција во Apple?
- Дали некогаш сте се разминале во мислењето со надредениот и како пристапивте кон тој проблем? Наведете конкретен пример и конечен исход.
- Како ќе тестирате дали тостерот е исправен?
- Дали сте креативни? Опишете нешто што сметате дека е креативно.
- Имате две јајца и сакате да дознаете која е најголемата височина од кога може да се фрли јајце, а притоа да не се скрши. Како ќе го направите тоа?
- Зошто баш вас треба да ве вработиме?
- Што е поважно: поправање на проблеми на корисниците или да им креирате нови добри искуства?
- Изгледате како позитивна личност. Што може ад ве онерасположи?
- Демонстрирајте ни како на купувач ќе му поажете дека му стоите на располагање, притоа да се служите само со својот глас.
- Опишете ни еден најдобар и најлош ден кој сте го доживеале во последните четири години.
- Колку деца во светото се раѓаат секој ден?
Кое е вашето мислење? Имате ли одговори на вакви прашања? Дали би го поминале тестот на „Apple“?