Шефот на руската дипломатија му порача на Доналд Трамп да не помислува на воена интервенција против Дамаск затоа што Москва има обврска да го брани својот сојузник Башар ел Асад и дека за тоа има подготвен план.
Лаворв реагираше откако САД без докази го обвинија Асад дека во сабота извел хемиски напад со хлор врз својот народ и убил 42 лица во градот Дума, во Источна Гута.
Шефот на руската дипломатија истакна дека наводите за тој напад се фабрикувани и дека Русија има подготвен одговор на евентуалното американско бомбардирање на Сирија.
– Нашата војска слушна закани од САД и направи план. Имаме обврска кон Дамаск, засновани на легитимен договор со сириската влада и лидерот Башар ал Асад. Ветивме дека ќе ги браниме нашите партнери во сите ситуации и од тоа нема да се откажеме, навел Лаворв.
Тој додал дека Русија се залага за независна истрага, а не за наоѓање виновници без никакви докази.
– Ако целта е да се докаже дека „Асад се направи со помош на Владимир Путин“, тогаш нема сериозни разговори, рекол Лавров.
Според неговите зборови, Западот повторно започнал пропагнадна кампања која на сите им е добро позната.
Loading...