Секој има различни начини да се справи со мамурлак, без разлика дали е утринско џогирање за да ги испотите сите токсини или да консумирате нездрава храна и огромни количини маснотии.
Со доаѓањето на потопло време и годишни одмори и олеснување на епидемиолошките мерки, сигурно ќе барате совршен лек за мамурлак во наредните недели, а можеби веќе и овој викенд што ни претстои.
Читателите на LADbible ги открија своите докажани рецепти за борба против мамурлакот, а еве неколку од нив:
Сауна
Читателот Алекс Лимкитират тврди дека најдобриот лек за мамурлак е сауната.
„Јадете квалитетен оброк и одете во сауна. Веќе нема да чувствувате мамурлук, гарантирам”, напиша тој.
Калориска бомба
„Јадете 20 пилешки медалјони, голем сендвич и милкшејк со банана“, советува Хари Ример.
„Тост, сланина, јајце, колбас“, рече кратко Алфред Кокси.
Коктели
„Понекогаш пијам кригла во која истурам половина кока-кола и половина сок од портокал. Друг одличен трик е сокот од кактус”, вели Рис Солсбери.
Клин со клин се избива
„Само продолжете да пиете“, е советот на Метју Морган.
Вода и добар појадок
„Порано имав катастрофални мамурлаци, но сега пијам половина литар вода пред спиење. Следното утро појадувам калоричен појадок и мамурлакот го нема”, вели Дагла Хамилтон.
Оброк пред пиење алкохол
„Храната ја забавува апсорпцијата на алкохол во крвотокот и го забрзува процесот со кој телото го разложува алкохолот. Тоа значи дека нивото на алкохол во крвта ќе биде повисоко и ќе се зголеми побрзо ако пиете на празен стомак. Значи ако пред пиењето алкохол не јадете побрзо ќе се чувствувате пијано, а поголеми се шансите да доживеете други негативни ефекти како црвенило, гадење и главоболки“, рече докторката Кетрин Басфорд.
Не е важно за каква храна ќе се решите, едноставно е важно нешто да јадете.