Ако планирате да пиете алкохол, еве што претходно треба да јадете

Сподели со своите пријатели

Ако планирате да излезете на по неколку алкохолни пијалоци, добро е да го подготвите стомакот за да не жалите подоцна.

Loading...

Иако се препорачува да пиете вода и да грицкате нешто додека пиете вино, пиво или коктел, вие ќе си направите уште поголемо добро и ќе спречите непријатен мамурлак доколку јадете пред да започнете да консумирате алкохол.

 

 

Според извештаите во медиумите, ако планирате да пиете алкохол, прво јадете тост со авокадо и јајца, што ќе ви обезбеди здрава доза на маснотии и протеини, и што ќе помогне да се забави ефектот што го има алкохолот врз организмот.

Предлог на Health line е да се јаде секоја храна што содржи овес. Ова може да биде овесна каша, енергетски смути и друго. Овесот е богат со растителни влакна и протеини и поттикнува ситост. Студиите исто така покажаа дека овесот го штити црниот дроб од ефектите на алкохолот.

Бананите се друга добра опција, бидејќи содржат 75 проценти вода, па помагаат да бидете хидрирани, додека високото ниво на калиум ќе му помогне на вашето тело да одржува рамнотежа на електролитите.

Loading...

 

 

Можете исто така да изедете еден незасладен грчки јогурт. Оваа лесна и здрава закуска содржи протеини, масти и јаглехидрати. Можете да додадете овошје и ореви на него и на тој начин дополнително да го заштитите стомакот од негативниот ефект на алкохолот.