Ако пишувате навредливи коментари на социјалните мрежи, не патувајте во Дубаи

Сподели со своите пријатели

Судските власти во Обединетите Арапски Емирати ја пуштија на слобода Британката Лале Шаравеш, приведена поради коментаир на Фејсбук во кои пред три години жената на поранешниот сопруг ја нарекла „кобила“.

Loading...

Шаравеш по месец дена минати во притвор е пуштена на слобода. Иако и се заканува казна за ова дело според тамошните закони и до две години затвор и 65.000 долари, самохраната мајка платила само 600 фунти и е пуштена на слобода.

Британската адвокатска агенција „Затворен во Дубаи“ која и пружила правна помош, се обратила во британската Канцеларија за надворешни врзки со барање да ја ажурираат базата на податоци на британските граѓани кои можат да бидат приведени во Емиратите.

Било кој британски државјанин може да биде процесуиран ако некогаш ги посети ОАЕ затоа што на социјалните мрежи објавил коментар со кој навредил некој нивен државјанин.

Без оглед дали ја познаваат личноста и без оглед во која земја е објавен коментарот, против не аможе да биде започната истрага и да биде издаден налог за апсење.

Затоа адвокатската канцеларија апелира до Канцеларијата да ја дополни базата со државјани на Обединетото Кралство против кои се издадени налози за приведување во Емиратите.

Leave a Reply