Познато е дека храната пред спиење не е пожелна доколку сакате да ја задржите тенката линија, но некои личности едноставно не можат да одолеат на навиката или гладот.
Портпаролотна Академијата за исхрана и диетика, Изабел Мејплс советува доколку не можете да одолеете на храната пред спиење, ограничете го внесувањето на калориите на 100 или 200, максимално 300.
Исто така, важно е да ги изберете намирниците кои ви недостасуваат во исхраната, како овошје и зеленчук, млечни производи со помалку масновтии и цели житарици. Мејплс истакнува дека морските плодови и грашокот исто така се добра опција, но не толку привлечна за пред спиење.
Посебно е важно секогаш да имате на ум дека грицкалките се погубни за килажата. Истражувањата покажале дека скоро една четвртина од калориите кои ги внесуваме во организмот доаѓаат од грицките.
Бадеми наместо чипс
Наместо чипс или кикирики одберете банана, јаболко или некое друго свежо овошје, парче свежо сирење без маснотии или јогурт со несечкано овошје или пак житарици со млеко.
Комбинацијата од јаглехидрати со протеини причинува чувство на ситост, но исто така ако е во прашање и количината на храната. Доколку пак, сакате нешто солено и крцкаво, можете да јадете пуканки.
Поголемиот дел од луѓето во текот на ноќта се глади затоа што не јаделе доволно во текот на денот, а кога ќе дојде до големо чувство на глад, ретко успеваат да се контролираат. Од друга страна, некои луѓе едноставно имаат лоша навика да јадат пред спиење.
Она шт најмалку ќе ви наштети пред спиење е водата.
Loading...