Претставниците на аеродромот се лути на туристите затоа што им пречат на пилотите кои полетуваат и слетуваат на аеродромот со прелетување над плажата на островот Пукет во јужниот дел на Тајланд.
Оваа плажа станала многу популарна меѓу туристите, а многумина од нив се фотографираат додека авионите се во позадина, а фотографиите ги објавуваат на социјалните мрежи.
Управата на аеродромот бара затворање на спорниот дел од плажата поради ризик од несреќи.
Тие тврдат дека фотографирањето на авионите може да биде опасно и дека може да им пречи на пилотите на ист начин како дронови и ласери.
Како што пренесуваат тамошните локални медиуми, максималната казна за попречување на пилотите со такви уреди е смртна казна. Меѓутоа, и покрај предупредувањата, туристите минатата недела повторно правеле селфи.