Ако мислевте дека оваа лето е пеколно, погледнете што не очекува следната година (видео)

Сподели со своите пријатели

Се верува дека Земјата влегува во период на подигање на температурите со загревање на Пацификот, што може да донесе сериозни последици, како што се големи суши и екстремни временски услови ширум светот.

Loading...

Климатскиот систем минува низ радикални промени кои би можеле да доведат до уште поголеми температурни рекорди, ако го земеме за точно она што го прогнозира „ Met Office “

Новите податоци служат како противаргумент на тезата дека глобално загревање попушта, пишува „Independent“. Баш тој развој на настаните би требало да ги натера светските лидери да се договорат за единствена стратегија во борба против штетни гасови, која треба да се донесе во Париз во текот на месец декември.

Метеоролозите најавуваат дека Ел Нињо би можел да биде силен како во 1997 и 1998 година, кога предизвикал смртоносни лизгања на земјишта во Азија и екстремно време во многу други делови во светот.

Просечната голбална температура исто така би можела да порасне, иако веќе оваа година ги сруши рекордите. Се очекува дека овогодинешниот рекорд би можел да биде срушен следната година, што ќе биде веќе трета година по ред.

Ел Нињо веќе ја ослабна индиската сезона на монсуни (дождовни ветрови) и го зголеми ризикот од суши во Јужна Африка, Индонезија и Австралија. Можно е да донесе и чести дождови во Калифорнија, која оваа година се бореше со суша.

Ел Нињо обично трае од 9 месеци до две години, иако потенцијално може да истрае и четири години.

Вакви климатски промени веќе се случувале, но поради ефектите кои на температурата ја имаат гасовите во атмосферата, разликите стануваа драстични.

Loading...

Ел Нињо се случува кога ветровите кои циркулираат над Пацификот ќе ослабнат, поради што површината на океанот се загрева повеќе од вообичаеното. обично се зголемуваат шансите за суши во делови на Азија, Австралија и јужниот и северниот дел на субсахарска Африка и Централна Америка, но донесува и тенденција на влажни временски услови во екваторијалниот источен дел на Африја и на југот од САД.