Ако лошо спиевте изминатите ноќи, ова е причината

Сподели со своите пријатели

Пред да ја добиеме вештачката светлина, Месечината ги олеснувала ноќните активности. Доказите за промени во ритамот на спиење предизвикани од лунарните фази, сепак, остануваат контроверзни.

Loading...

Што вели науката за тоа?

 

 

Во ноќите пред полна Месечина, многумина од нас легнуваат подоцна и спијат помалку, што важи и за руралните и за урбаните области, покажува обемно истражување за влијанието на месечевиот циклус врз спиењето на Хорас де ла Иглесија од Универзитетот на Вашингтон.

Неговиот тим анализирал 98 членови на заедницата Тоба-Ком од Јужна Америка и го проучувал нивниот циклус на спиење.

Тие носеле специјални гаџети околу зглобовите (како оние што ги носат спортисти и рекреативци) кои ја мереле нивната физичка активност. На овој начин, научниците собирале податоци од секоја личност во период од два месеци.

Loading...

Она што го измериле, покажува како спиењето се менува во различни фази на Месечината.

 

 

Повеќето луѓе имале слична шема – помалку спиеле во ноќите пред полна Месечина. Во просек, легнувале половина час подоцна од вообичаеното и го скратиле периодот на ноќниот сон за околу еден час.

Дали забележавте дека тоа ви се случило и вам пред полната Месечина што ја имавме претпоследната ноќ?

Науката вели дека околината и условите за живот не влијаат на фактот дека нашиот сон е нарушен пред полна Месечина, е заклучокот донесен преку анализа на навиките за спиење на три заедници од северна Аргентина.

Првата група живеела во рурална област без електрична енергија, втората во рурална област со електрична енергија, а третата во предградијата, исто така со електрична енергија. Сите три групи покажале ист ритам на спиење со промени во лунарниот циклус.

Loading...

 

 

Било забележано само дека населението од градот спие помалку и легнува подоцна отколку луѓето од руралните области.

Покрај тоа, истражувачите анализирале 450 студенти од Универзитетот во Вашингтон кои имале ист режим на спиење како и луѓето од Аргентина – ноќите пред полна Месечина легнувале околу еден час подоцна и спиеле помалку.

Заклучокот е дека нашиот ритам на спиење е синхронизиран со лунарните фази, но засега не е можно со сигурност да се каже зошто е тоа така.

„Претпоставуваме дека набљудуваните обрасци се вродена адаптација што им овозможила на нашите предци да имаат корист од природната вечерна светлина за време на одредени фази на Месечината“, рече биологот Леандро Казираги, еден од авторите на студијата.

Leave a Reply