Ако имате јахта и два авиони, следно е да добиете пасош од Малта (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пасошите на егзотичните земји се поевтини од приватни острови и импозантни јахти, а моментално претставуваат последен во низата статусни симболи, на сите оние богаташи кои можат да си го дозволат тоа.

Изгледа дека дури и на самонаречените граѓани на светот понекогаш им е потребен План Б, а златниот малтешки грб, освен што е многу елегантен, претставува одлично решение за тоа.

 

Loading...

 

– Богатите купувачи бараат сигурност, вели Кристијан Калин, претставувајќи ја компанијата „Henley & Partners“ која дава совети за државјанството и обавуваат ранг листи од типот на „Quality of Nationality Index“.

Како наведува Калин, богатите купувачи сакаат мир во случај на револуции или други превирања во своите земји.

Иако многу земји, вклучувајќи ги и САД, на странските државјани им даваат можност по исполнување на одредени критериуми, да аплицираат за државјанство на странската земја во која што живеат, но само 10 земји во светот на странците им пружаат државјанство по „послаби“ критериуми.

 

 

Поголемиот дел од тие земји бараат висок паричен надомест, најчесто во форма на директни инвестиции, обично во недвижнини, имот или локални бизниси.

Изгледа како многу погодно освен што сите тие 10 земји, ММФ ги има класифицирано како „офшор“ финансиски центри, иако Калин истакнува дека поголемиот дел од неговите клиенти ги мотивира стабилноста, а не избегнувањето порези. Секако тоа, но и правото за фалење.

– Ако имате јахта и два авиони, следната работа која треба да ја имате е малтешки пасош, рекол Калин и додал дека тоа е последниот статусен симбол.

https://youtu.be/yZxeSHbudWY

Leave a Reply