Засега не е компромитирана работата на кумановската болница, информираше на прес конференција вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
Како што појасни вчера на средбата со менаџерскиот тим во Општа болница Куманово било разговарано за реорганизација на работата, при што било утврдено дека работата не е компримитирана.
Сепак во случај на недостаток на здравствени работници во Куманово, 18те пациенти кои моментално се во болницата ќе се префрлат во Скопје.
– Работата не не е компромитирана, но оставаме простор ако има неедостаток на здравствени работници, пред се на Инфективно одделние, во Скопје има доволно капацитети да се префрлат 18 пациенти од Куманово во Скопје, информираше Филипче.
Како што брифираше министерот, директорката на кумановската болница Снежана Захариева кој а и дел од Општинскиот совет за заштита и спасување е негативна на тестот за коронавирусот.
На вчерашната средба на владиниот врв со кумановскиот градоначалник, кај кој денеска беше потврдено присуство на вирусот, сите носеле соодветна заштитна опрема.
Никола Ивановски