Ако го знаете одговорот на оваа прашање Илон Маск би можел да ве вработи

Сподели со своите пријатели

Стресот и неизвесноста што ги чувствуваме за време на интервју за работа понекогаш може да се идентификува со кошмар за кој не сакаме повторно да го сонуваме.

Loading...

Во повеќето случаи, ова се само стандардни интервјуа, за кои се знае што може да се очекува пред да се влезе, но сосема спротивно од тоа изгледа во компаниите на Илон Маск.

 

 

Така, во јавноста се појави информација дека овој милијардер бара од потенцијалните кандидати да ја решат загатката, со цел да се вработат во „Спејс екс“ или „Тесла“, пренесува „Мирор“.

Според машинскиот инженер и корисник на ТикТок, оваа загатка гласи:

„Стоиш на површината на Земјата. Одиш милја јужно, милја западно и милја северно и ќе завршиш таму каде што сте тргнале. Дали знаете каде сте?”

Loading...

 

@pinkpencilmathElon’s math riddle. Can you get it??#mathtricks #fyp #pinkpencilmath #riddle #brainteaser #mathriddle #elonmusk #spacex #tesla #interviewtips #math

♬ original sound – Pink Pencil

Видеото веднаш беше преплавено со коментари со шпекулации на луѓе кои се обидоа да ја решат загатката.

„Во твојата глава, бидејќи ова прашање ја негира теоријата на релативност“, „Јас сум дома затоа што не би ме вработил“, беа некои од коментарите, додека другите корисници нудеа посериозни математички решенија.

Сепак, точниот одговор не е единствениот. Првиот, на кој повеќето инженери точно одговараат, е Северниот пол.

 

 

Loading...

Тогаш Маск би прашал: „Каде на друго место би можел да бидеш?“

„Вториот одговор ќе биде: некаде во близина на Јужниот пол. Мал број на инженери одговориле на ова прашање, и Илон со задоволство ги водел низ сложувалката до можни одговори, поставувајќи равенки за време на објаснувањето”, објасни биографот на Маск, Ешли Венс.

За среќа на оние кои се бореле да го дадат точниот одговор, милијардерот навистина не се грижел дали сте излегле со точен одговор, но на овој начин се обидува да заклучи како потенцијалните кандидати пристапуваат кон решавање на проблемот и ги обработуваат информациите.

Leave a Reply