И за време на постудените месеци, добро е да го вклучите клима уредот 10 минути, барем еднаш месечно …
Климатизацијата на автомобилот треба редовно да ја проверува механичар, што значи најмалку еднаш на две години. Еден добар мајстор лесно може да забележи некои неправилности во работата на компресорот, односно дали се создава киселина во системот што може да доведе до исцрпеност.
Климата треба да се вклучува во текот на целата година, а не само во лето. За време на постудените месеци, добро е да го вклучите клима уредот 10 минути, барем еднаш месечно, за да може системот да се подмачкува и маслото да си ја заврши работата нормално.
Во лето, кога користите клима уред секој ден, две минути пред да го исклучите моторот, исклучете го клима уредот и оставете ги вентилаторите да дуваат до максимум. Ова е важно за да се спречи кондензација во системот за ладење, односно да се дозволи целиот систем да се исуши пред да се излади моторот.
Ако автомобилот работи долго во мирување, исклучете ја климата.
Проверете што е напишано во упатствата и придржувајте се до препорачаната температура во одредени временски услови, бидејќи на тој начин компресорот ќе работи оптимално и без премногу стрес.