Акција за собирање на кабест отпад во Куманово по повод 5 јуни – Светски ден на животна средина

Сподели со своите пријатели

На 5 јуни – Светскиот ден на животната средина, Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во соработка со Општина Куманово организира акција за собирање на кабест отпад на три локации во Куманово и тоа:

– Пункт поставен на паркингот пред Градскиот затворен базен во Куманово;

– Пункт поставен на паркингот пред поранешната фабрика ЧИК;

– Пункт поставен на паркингот на локалитет „Kошеви” во населбата Гоце Делчев.

Граѓаните можат да го депонираат исклучиво кабестиот отпад од 7:00 до 11:00 часот на посочените пунктови на 05.06.2021 (сабота) и на 12.06.2021 (сабота).

Интегрално соопштение: Општина Куманово

Leave a Reply